Македонија повици

ЦУК: Во последното деноноќие 1.993 повици на 112, три пожари на отворено

Во последното деноноќие имало вкупно 1.993 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), од кои „реални“ биле 65,98 отсто, а 34,02 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Како што информира ЦУК, кон Полицијата биле упатени 66,99 отсто, кон Итната медицинска помош 28,8, а кон пожарникарите 2,91 отсто од реалните повици.

-Имаше 682 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (1,29 отсто) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (34,02 отсто). Сите тие беа предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), соопшти ЦУК.

Оттаму посочуваат дека во последното деноноќие имало три пожари на отворено при што пожарникарите интервенирале во Општина Шуто Оризари покрај улица „Индира Ганди“ за гаснење ниска вегетација, во Општина Прилеп во близина на „Дата центар“ за гаснење запалени отпадоци и во Општина Кичево кај село Крушино каде што гаснеле ѓубриште.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top