Македонија Охрид

ЦУК дел од развојот и тестирањето на Националниот план за одговор и координација на кибер инциденти (NCIRP)

Настанот, организиран во рамките на проектот „Кибер Балкан“, финансиран од Европската Унија, ги обедини релевантните институции и тела за кибер безбедност со цел унапредување на националните капацитети за одговор на кибер инциденти и имплементација на Стратегијата за кибер безбедност 2025–2028, посочуваат од ЦУК.

ЦУК дел од развојот и тестирањето на Националниот план за одговор и координација на кибер инциденти (NCIRP)

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Али Мухамед, заедно со државниот советник за ИКТ при ЦУК, Игорче Каранфилоски, учествуваат на дводневниот национален настан посветен на развој и тестирање на Националниот план за одговор и координација на кибер инциденти (NCIRP) што вчера и денеска се одржува во Охрид.

На настанот, информираат од ЦУК, се претставува системот за управување со кризи како клучна институција во случај на кибер кризна ситуација, како и користењето на NICS платформата како основна алатка за координација.

-Настанот, организиран во рамките на проектот „Кибер Балкан“, финансиран од Европската Унија, ги обедини релевантните институции и тела за кибер безбедност со цел унапредување на националните капацитети за одговор на кибер инциденти и имплементација на Стратегијата за кибер безбедност 2025–2028, посочуваат од ЦУК.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top