Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.748 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ биле 39,99 отсто, а 60,01 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон Полиција биле упатени 52,47 отсто, кон Итната медицинска помош 38,78 отсто, кон пожарникарите 3,81, а кон АМСМ 0,36 отсто од реалните повици.
Од ЦУК појаснуваат дека повиците се примаат, се обработуваат и има директно коордирнирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 заедно со Секторот за операции и координација (СОК).
-За дел од повиците се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи, наведува ЦУК.