Македонија

ЦУК: 1 656 повици на 112 во последното деноноќие, 16 пожари на отворено

ЦУК: 1 656 повици на 112 во последното деноноќие, 16 пожари на отворено

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај имало вкупно 1 656 повици на 112 во последното деноноќие и 16 пожари на отворено. Се уште е активен пожарот во зградата во скопската општина Чаир.

Како што информира ЦУК, од 1 656 повици „реални“ биле 58,76 отсто, а 41,24 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

– Кон Полиција биле упатени 60,65 отсто, кон Итната медицинска помош 27,21 отсто, а кон пожарникарите 9,18 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, се вели во соопштението.

Во последното деноноќие имало регистрирано 16 пожари на отворено на територија на државата, при што гореле стрништа, депонии, ѓубришта, одпад, гуми, сува трева, нискостеблеста вегетација и шума. Сите пожари, како што се наведува, се изгаснати, а паралелно пожарникарите гаснеле пожари во населени места, села и градови.

Скопските пожарникари во текот на изминатото деноноќие гаснеле повеќе пожари на отворен простор. Вчера, од 14:10 до 16:10 часот, двајва пожарникари со едно возило интервенирале на запалено стрниште и шума на површина од 20.000 метри квадратни во село Кучково, Општина Ѓорче Петров.

Тројца пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје вчера, од 15:10 до 18:10 часот, со едно возило интервенирале на запалена депонија на површина од 10.000 метри квадратни во село Долно Количани, Општина Студеничани.

Во периодот од 17:10 до 18:15 часот, двајца пожарникара со едно возило гаснеле запалена депонија на површина од 500 метри квадратни во село Јурумлери, во Општина Газа Баба.

Синоќа од 19:30 до 20:20 часот, двајца пожарникари со едно возило интервенирале на запалено ѓубре на површина од 300 метри квадратни во село Орешани, Општина Зелениково.

Скопските пожарникари синоќа, oд 19:30 до 21:00 часот, гаснеле запалено ѓубре на површина од 500 метри квадратни во село Брњарци, Општина Гази Баба.

Во текот на вчерашниот ден, од 9:50 до 20:40 часот, тројца пожарникари со едно возило интервенирале на запалено ѓубре на површина од 50 метри квадратни покрај улица „Скупи“ во Општина Карпош.

Синоќа, од 19:57 до 21:00 часот, двајца пожарникара со едно возило интервенирале на запалено ѓубре на површина од 20 метри квадратни покрај улица „Александар Урдаревски“ во населба Мирковци, Општина Чучер Сандево, а oд 21:15 до 22:15 часот, тројца пожарникари интервенирале на запалена нива на површина од 2 000 метри квадратни покрај улица „Методија Андонов Ченто“ во Општина Гази Баба.

ТППЕ Гевгелија вчера, од 14:10 до 16:30 часот, со две возила и четворица пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, капини и меѓи на површина од 1 хектар во атарот на село Моин. Вчера, од 16:40 до 17:30 часот, двајца пожарникари со едно возило гаснеле запалена ниска вегетација, капини и меѓи на површина од 1 хектар во атарот на село Прдејци.

ТППЕ Струмица информира дека вчера, од 15:48 до 17:00 часот, пет пожарникари со две возила интервенирале на запалена ниска вегетација, оранжерии и пластична амбалажа за расад кај расадникот на ЈП „Национални шуми“, подружница „Беласица“ – Струмица, кај село Просениково.

ТППЕ Кавадарци синоќа од 19:50 до 22:15 часот, четворица пожарникари со едно возило интервенирале на запалена бандера и ниска вегетација околу бандерата во село Паликура, Општина Расоман.

ТППЕ Куманово вчера, од 15:00 до 16:00 часот, гаснела запалена ниска вегетација во атарот на село Романовце, а ТППЕ Старо Нагоричане вчера, од 11:10 до 12:00 часот, гаснеле запалена ниска вегетација и смрека во атарот на село Враготурце.

Четворица пожаникари од ТППЕ Крива Паланка вчера, 15:30 до 17:00 часот, заедно со вработени од ЈП „ Национални шуми“, подружница Осогово гаснеле запалена дабова шума, ниска вегетција и грмушки на површина од четири хектари во атарот на село Длабочица.

ТППЕ Тетово вчера, од 17:00 до 18:00 часот, интервенирала на запалена ниска вегетација и шума кај месноста Бањиче.

Најнови вести од Македонија

To top