Македонија проблем е и немање на обрасци за патни исправи

Чулев: Ако сакаше Спасовски можеше да го менаџира процесот за издавање лични документи и да ги поштеди граѓаните од малтретирање, но тој работи само на себепромоција

Проблемот со личните документи ескалира, но граѓаните треба да знаат дека личните карти доколку имаат важечки рок ќе важат за употреба во државава. Проблемот е со возачките дозволи и пасошите, рече Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Чулев: Ако сакаше Спасовски можеше да го менаџира процесот за издавање лични документи и да ги поштеди граѓаните од малтретирање, но тој работи само на себепромоција

Чулев посочи дека проблем е и немање на обрасци за патни исправи.

„Проблем со патни исправи, односно со обрасци имаше и техничката влада во 2020 година и сега повторно има проблем. Сега има хаос и во процес за закажување и на сликање и на издавање на документите“, рече Чулев.

Според Чулев, бидејќи се знаеше дека до 12 февруари 2024 година треба да се сменат личните документи министерот Оливер Спасовски требаше да го менаџира процесот и да се одговори на обврската за граѓаните да не дојдат во ваква ситуација.

„Доколку Оливер Спасовски планирал дела треба да се заврши процесот во крајниот рок немаше да дојде до ова. И во 2020 уште се издавале исправи со Република Македонија. Ако навремено го организирале процесот се ќе беше сосема поинаку. Сега се креира и проблем на техничката влада која ќе губи време токму со ова, а ние како ВМРО-ДПМНЕ одамна укажувавме да се најде начин, но поради неспособноста на
власта се доведовме да има огромен проблем на помалку од месец дена од истек на рокот на личните документи на граѓаните“, вели Чулев.

Чулев укажа дека најдобар начин е да има одлука на Уставен суд кој би требало да донесе времена мерка.

„И Уставниот суд би било најдобро наскоро да заседава и ад ја донесе одлуката, бидејќи граѓани патуваат надвор за работа, за лекување имаат потреба од пасоши а не може да извадат ни по итна постапка ништо не функционира“, вели Чулев.

Чулев се осврна и на безбедносната состојба во државава имајќи ги во предвид случајот со Вања, пукање во трговски центри и слично.

„Безбедносната состојба е на ниско ниво во поглед на сигурност на граѓаните. Откривачката функција на надлежното министерство е на исклучително ниско ниво. Дополнително има висок степен на партизација и сето тоа води кон неефикасност на МВР“, вели Чулев.

Според него министерот за внатрешни работи е фокусиран само на себепромоција.

„Активностите ги проектира како е да кандидат за претседател, притоа кажува низа на небулози, невистини во врска со состојбата со безбедност и воопшто. Има околу 40 лица кои го работат само пиарот за него лично. Тоа е целосна злоупотреба на системот за себепромоција, а тој сака да ја прикаже состојбата како да тече мед и млеко“, кажа Чулев.

To top