Вечерашната победа не е моја, таа е на сите нас! Сите заедно победивме со желбата Крушево да биде поубаво и попросперитетно место за живеење, но и попривлечно за посетување, истакна синоќа по изборната победа Нико Чонески, новиот градоначалник на Крушево.
-Од утре ќе работиме на она кое го ветивме во текот на изборната кампања, но и на многу повеќе од тоа. Победата ми е особено драга бидејќи одлучија малку гласови, а тоа е уште еден доказ дека СЕКОЈ ГЛАС Е ВАЖЕН. Во иднина, кога ќе го видите Крушево какво сакаме да биде-ЕСНАФСКО, сетете се дека токму вие пресудивте! И јас ќе се сетам на тоа и ќе ја оправдам вашата доверба. Ви ветувам ревизија на досегашното работење во општината и институциите и ветувам дека ќе имате градоначалник за сите луѓе, за сите проблеми и градоначалник кој нема да користи службено возило, дневници и репрезентации, рече тој.
Чонески синоќа порача дека од денес е време за акција.