Македонија ЦУК

Четиринаесет пожари на отворено

Четиринаесет пожари на отворено

Во последното деноноќие имало регистрирано 14 интервенции за пожари на отворено од коишто околу една третина биле за гаснење запален смет во или покрај урбани населби. Сите пожари се изгаснати, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Регионалните центри за управување со кризи информираат дека на територијата на државата интервенции за гаснење пожари на отворено имале пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, и Територијалните противпожарни единици (ТППЕ) на Валандово, Битола, Кавадарци, Делчево, Куманово, Тетово и Гостивар.

ЦУК информира дека денеска, во периодот од 12:00 до 17:00 часот, е планирано минирање на локалитетот „Сладун“ во Општина Прилеп, поради што ќе има повеќе детонации.

Од ЦУК информираат дека изминатите 24 часа имало вкупно 1 770 повици на бројот за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 58,47  отсто, а 41,53  отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 66,89  отсто, кон итната медицинска помош 25,94  отсто, кон пожарникарите 3,75  отсто, а кон АМСМ 0,35  отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Најнови вести од Македонија

To top