Македонија ЦУК

Четири дена гори во Мариово: 200 професионалци го гаснат пожарот, спасени се имотите на луѓето

-Од 6 часот изутрината сме на тереноколу селото. Го штитиме тој дел кој е ставен под контрола. Се надеваме дека пожарот довечер ќе го изгаснеме, рече Борко Јанкулоски командир на ТППЕ од Охрид.

Четири дена гори во Мариово: 200 професионалци го гаснат пожарот, спасени се имотите на луѓето

Преку 200 професионалци, припадници на Армијата, од специјалната полиција, од ЈП „Национални шуми, пожарникари од повеќе градови цел ден се на терен во Мариово да го стават под контрола и да го изгаснат големиот пожар кој е активен четврти ден.

Горат нискостеблести растенија, но има зафатено и борови. Прилепскиот општински Кризен штаб ги координира акциите. Жителите на мариовското село Бонче поминаа неизвесна ноќ. Во опасност им беа имотите, ама пожарникарите помогнаа и не дозволија да има штети.

-Во селото сме 30-тина жители. Има и деца. Јас бев на првата линија во опасност, зашто мојата куќа е во почетокот на селото. Благодарен сум им на прилепските пожарникари и на пожарникарите од Битола кои не дозволија да ми изгори имотот, а имам и 30 грла добиток. Многу беше тешко. Пожарникарите постојано се на терен, рече Жарко Маркоски, жител на селото Бонче.

Од изутрината околу селото се распоредени пожарникари од Охрид.

-Од 6 часот изутрината сме на тереноколу селото. Го штитиме тој дел кој е ставен под контрола. Се надеваме дека пожарот довечер ќе го изгаснеме, рече Борко Јанкулоски командир на ТППЕ од Охрид.

Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кој беше на теренот во Мариово, делови од пожарот се изгаснати, но со топлото време се разгорува онаму каде преку нуќта огнот се стишил.

-Интервенцијата од воздух, посебно во претпладневните часови беше оневозможена поради густиот чад. Се надеваме дека ќе им, а погодни временски прилики за интервенција со хеликоптер и ЕР трактор. Горат нискостеблести растенија, но има зафатено борови стебла иако не многу. Сега огнената линија не е како вчера екстремна од преку 20 километри. На помош имаме огромен број ресурси од целата земја, рече Ангелов на теренот во Мариово. (МИА)

To top