Чествувањето на празникот Свети Климент Охридски, патронот на нашата древна Македонска православна црква-Охридска архиепископија, основачот на Охридската Книжевна школа и архитектот на кирилското писмо и старословенска култура претставува чин од огромно значење не само за Македонија, туку и за европската култура и цивилизација, стои во честитката на Социјалистичка партија на Македонија.
„Само и единствено нашиот Свети Климент неуморно работел на образовно, морално, етичко и духовно издигнување на македонскиот народ. Не давајќи им сон на своите очи, тој кај луѓето ги всадил позитивните навики на срцето-солидарноста, трудољубивоста, гостопримството,, трпението, разбирањето и милоста.
Визијата на Свети Климент Охридски и на неговите учители светите браќа Кирил и Методиј, за зближување на сите народи и за градење на просперитетен, слободен и хуман свет е вградена во темелите врз кои денес опстојува човечката цивилизација“, потенцирааат од партијата.
Свети Климентовото дело и мисија се должни за почит, но и поука за сите идни генерации дека чувањето на културната и јазичната посебност е исконска должност. Нека ни е честит празникот Свети Климент Охридски!, соопшти Социјалистичка партија на Македонија.