Македонија ден на арм

Централна свеченост по повод Денот на Армијата утре во Охрид

Утре во Центарот за обука на вода во Охрид, со почеток во 10.00 часот, во присуство на највисокиот воен и државен врв ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата.

Според протоколот на свеченоста, со пригоден говор на присутните ќе им се обратат претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерот за одбрана Владо Мисајловски. На свеченоста ќе се изврши и церемонија на примопредавање на должност началник на генералштабот на Армијата како и обраќања на досегашниот началник на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и новопоставениот началник на генералштабот, генерал- мајор Сашко Лафчиски, информираат од Министерството за одбрана.

На свеченоста, посочуваат, се поканети и се очекува да присуствуваат Претседателот на Владата, Христијан Мицковски, министри во Владата, пратеници во Собранието, поранешни министри за одбрана и началници на генералштабот, пензионирани генерали, високи гости од повеќе институции во Републиката, командантот на националната гарда на Вермонт, генерал-мајор, Грегори Најт, дипломатскиот кор во Република Северна Македонија и други.

Поврзани теми

To top