„Несомнено еден наставник мора и треба да одржи час без да има учебник пред него, но недостатокот на учебници е проблем за учениците и е проблем за родителите. Ние на часот можеме и без учебник да предаваме но што ќе се случи со учениците кога ќе дојдат дома и треба да го повторат и продлабочат она кое го научиле за време на часот. Ние честопати им даваме и дополнителни материјали и тоа го правиме постојано. Но во недостаток на учебници ние бевме приморани и да диктираме“, рече членот на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Бумбароски на денешната трибина образовна платформа за иднина на тема „Нов концепт за развој на образованието“ во Куманово.
Тој продолжи и додаде дека несомнено е потребна дигитализацијата, но пред се потребно е да има печатени учебници.
„Македонија е различна во сите сфери и имаме региони каде можат да бидат дигитализирани, но имаме и реони каде навистина имавме проблем со онлајн наставата и тоа индиректно ни кажува дека дигитализацијата во целост нема да биде успешна онака како што е замислена“, кажа Бумбароски.
Тој истакна дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се насочи кон подобрување на квалитетот на образованието.
„Морам да кажам дека ако сакаме сите промени, активноста која идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја насочи кон подобрување на квалитетот на образованието да биде успешна, а успешноста и воведувањето на сите промени се директно преку наставниците тогаш ние мора да имаме мотивирани наставници. Само мотивирани наставници можат успешно да ги воведат сите новитети сите програми и се она кое сметаме ние дека е наменето за подобрување на образованието во Македонија“, вели Бубароски.
Тој рече дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го потпише колективниот договор за образование.
„Оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ не го потпиша колективниот договор за образование. идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе соработува со сите социјални фактори кои ги претставуваат во сите образовните институции во основното и средно образование и Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го потпише колективниот договор за образование. До крајот на мандатот сите просветни работници ќе земаат плата според колективен договор“, истакна Бумбароски.
Тој посочи дека сите наставници во основно и средно образование ќе имаат правичен развој во својот кариерен развој.
„Исто така важно е сите наставници кои се во основно и средно образование да имаат правичен избор во својот кариерен развој односно да добијат еднакви можности кариерно да напредуваат. Што значи кариерното напредување во звање ментор и советник ќе биде еднакво за сите наставници. Нормално тука ќе има услови, оној што ги исполнува условите кариерно ќе напредува“, заклучи Бумбароски.