За само неколку часа по објавување на хуманиот апел за собирање на донации за лекување на малата Ана, парите се собрани. УСПЕАВМЕ! БРАВО, ХУМАН МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ!
Ана Јованчев има само 8 години. Возраст во која децата треба да мислат на училиште, игра и соништа – не на болници и тешки дијагнози.
На Ана ѝ е дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите – Tu Foss pterygopalatina Sinus sphenodalis lat dex et orbitae lat dex. Болеста е сериозна, комплексна и со висок степен на ризик, а времето е најкритичниот фактор.
Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде во моментов се бара специјализиран хирург кој ќе ја изврши неопходната операција. Станува збор за исклучително деликатна интервенција поради локализацијата на туморот и неговата агресивност.
Во самиот апел за помош беше наведено дека ова е најитната кампања досега. А сега, кога ќе одите на линкот за донација, ќе видите дека се собрани потребните пари.
Покажавме дека солидарноста е посилна од болеста!