Македонија Покажавме дека солидарноста е посилна од болеста! 

БРАВО, ХУМАН МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ: Собрани парите потребни за лекувањe на малата Ана

Во самиот апел за помош беше наведено дека ова е најитната кампања досега. А сега, кога ќе одите на линкот за донација, ќе видите дека се собрани потребните пари.

БРАВО, ХУМАН МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ: Собрани парите потребни за лекувањe на малата Ана

За само неколку часа по објавување на хуманиот апел за собирање на донации за лекување на малата Ана, парите се собрани. УСПЕАВМЕ! БРАВО, ХУМАН МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ!

Ана Јованчев има само 8 години. Возраст во која децата треба да мислат на училиште, игра и соништа – не на болници и тешки дијагнози.

На Ана ѝ е дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите – Tu Foss pterygopalatina Sinus sphenodalis lat dex et orbitae lat dex. Болеста е сериозна, комплексна и со висок степен на ризик, а времето е најкритичниот фактор.

Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде во моментов се бара специјализиран хирург кој ќе ја изврши неопходната операција. Станува збор за исклучително деликатна интервенција поради локализацијата на туморот и неговата агресивност.

Во самиот апел за помош беше наведено дека ова е најитната кампања досега. А сега, кога ќе одите на линкот за донација, ќе видите дека се собрани потребните пари.

Покажавме дека солидарноста е посилна од болеста!

Најнови вести од Македонија

To top