По повод празникот Божиќ, кој го одбележува раѓањето на Исус Христос и ја носи пораката на љубов, надеж и човекољубие, во име на Министерството за односи меѓу заедниците и во мое лично име упатувам искрени честитки до сите верници од христијанска вероисповед. Нека овој светол празник биде поттик за духовна смиреност, заемна почит и зајакнување на општествената кохезија.
Божиќните празници нека придонесат кон продлабочување на семејните и општествените вредности, негување на солидарноста и унапредување на меѓусебното разбирање. Во духот на празникот, посакувам овие денови да бидат исполнети со стабилност, лична и семејна благосостојба и уверување дека преку соработка и одговорност можеме да придонесеме за напредок и заедничко добро.
На сите верници им посакувам добро здравје, мир и достоинствено празнување на Божиќ.
Христос се роди! Вистина се роди! Нека е честит и благословен Божиќ,
порача потпретседателот на Владата на Р Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ.