Македонија честитка

Божиќна честитка од министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ

Нека Бадниковата вечер и Божиќ внесат топлина во домот, а семејството и ближните нека ги исполнат со добра мисла, добрина и благослов.

Божиќна честитка од министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ

Нека Бадниковата вечер и Божиќ внесат топлина во домот, а семејството и ближните нека ги исполнат со добра мисла, добрина и благослов.

По повод еден од најголемите христијански празници Божиќ – денот кога го прославуваме Христовото раѓање, во мое и во име на Министерството за односи меѓу заедниците упатувам најискрени честитки и желби за добро здравје, мир во срцата и душите, топлина и благосостојба. Овие празнични моменти на сите нека ни донесат добро здравје, радост во домовите и мир и спокој во срцата.

Нека Бадниковата вечер и Божиќ внесат топлина во домот, а семејството и ближните нека ги исполнат со добра мисла, добрина и благослов. Овој голем христијански празник е празник на семејството, празник кој нè учи да бидеме солидарни и сплотени, затоа ви посакувам божиќните празници да ги поминете во добро празнично расположение во кругот на најблиските, исполнети со мир, благосостојба и верба дека само заеднички и со убава мисла можеме да успееме и да се избориме со сите предизвици. Бидете здрави, живи и бериќетни!

Христос се роди! Вистина се роди!

Нека е честит и благословен големиот христијански празник Божиќ.

To top