Македонија

Бојковска: Според Извештајот, ДКСК е светлата точка во борба против корупцијата, но мора да се вклучат и другите институции

Бојковска: Според Извештајот, ДКСК е светлата точка во борба против корупцијата, но мора да се вклучат и другите институции

„Пред нас е Извештајот за работата на Државната комисија за спречување на корупција за 2023-та година. Искрено детално го прочитав Извештајот и можам да кажам дека Државната комисија за спречување на корупција е светлата точка во борбата против корупцијата“, истакна пратеничката Драгана Бојковска на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

-И тоа не го кажувам јас лично, туку го кажува и Извештајот на ЕК како најрелевантно тело, посочувајќи дека Државната комисија за спречување на криминал е светлата точка во борбата против корупцијата.

Бојковска изрази жалење и рече дека во борбата против корупцијата не може само еден дел да биде вклучен. Потребно е сите институции да се вклучат во борбата против корупцијата.

-Во борбата против корупцијата потребно е да бидат вклучени сите власти, тука мислам како на законодавната, така на извршната, така и на судската власт. Ова го велам од причина што особено во 2023-та година имавме случај каде што високи функционери на претходната влада на СДС и ДУИ ги тресеа коруптивни случувања, но исто така тие функционери беа и претставници на Европскиот фронт, потсети пратеничката.

Таа потсети дека Артан Груби беше лице кое што директно и јавно ја напаѓаше Државната комисија за спречување корупција со зборови дека не ги бидува.

-Артан Груби беше лице кое во 2023-тата година го тресеа коруптивни скандали. И оттука е јасно во 2023-тата година или во оние седум години од владеење на претходната влада што всушност се случувало, дали постоело борба со корупција или всушност истите овие лица биле сојузници на корупцијата,  рече Бојковска.

Пратеничката нагласи дека сегашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се погрижи да има поголема борба против корупцијата и тоа е првиот столб на програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top