Мандатот како пратеник во Собранието на Република Македонија го завршувам како најактивен пратеник во шестмесечното мерење на активноста на пратениците, напиша на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
Во оваа анализа се мери вкупниот број на настапи и минутите на говорење. Чест ми е да ги бранам интересите на граѓаните во Парламентот. Во Република Македонија народот има доста проблеми и предизвици и затоа треба да продолжиме гласно да зборуваме. Никогаш нема да правам компромиси со очекувањата на граѓаните и нивните ставови. До последен ден совесно, чесно и напорно ќе ја оправдувам нивната доверба, истакна Стојаноски.