Македонија Водици

Бојан Костадиновски од Куманово го извади светиот крст во соборниот храм „Свети Никола“

Од свештенството на Соборниот храм доби икона и свет крст, како и пригодни подароци од локалната бизнис-заедница.

Бојан Костадиновски од Куманово го извади светиот крст во соборниот храм „Свети Никола“

Дваесет и едногодишниот Бојан Костадиновски од Куманово го извади светиот крст во Соборниот храм „Свети Никола“.

– Успех и здравје на сите. Трет пат скокам, им посакувам здравје на сите. На сите нека им даде Господ здравје, среќа и радост, бериќет дома. Би сакал многу успеси оваа година, да има здравје па друго ќе си дојде само. Ме мотивираше да скокам за здравје и среќа и очекувам оваа година да ми биде успешна, изјави Костадиновски.

Од свештенството на Соборниот храм доби икона и свет крст, како и пригодни подароци од локалната бизнис-заедница.

Претходно, во Соборниот храм „Свети Никола“ се одржа и литургија по повод празникот Богојавление Водици. И во останатите цркви во Куманово се фрлаше светиот крст.

Водици се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.  (МИА)

To top