Македонија

Богојески: Раководството на Левица станала бизнис партнер на ДУИ и поради тоа го кочи окрупнувањето на опозицијата

Богојески: Раководството на Левица станала бизнис партнер на ДУИ и поради тоа го кочи окрупнувањето на опозицијата

Петар Богојески од Македонски концепт во вечерашното гостување во централниот дневник на ТВ Сител  изјави дека Левица го кочи процесот на обединување на опозицијата, и тоа само поради тоа што раководството на таа пратија станала тендер партнер на ДУИ.

-Во македонскиот дел од опозицијата има луѓе кои го бојкотираат тој процес, туку пред е Левица и Апасиев лично. И секогаш се прашуваме кои се мотивите против тоа да се пензионира ДУИ односно да се тргне ДУИ од власт после 20 и кусур глас. Во случајот со Левица и Апасиев имаме друг мотив. За жал јас очекував од таа партија да влезат поискрено во еден процес против власта и елитите меѓутоа таа партија станала бизнис тендер партнер на ДУИ, рече Богојески.

Богојески преку низа докази искажа дека раководството на Левица поточно во јавните претпријатија со кои раководи во Град Скопје склучила тендер со најблиската фирма на ДУИ, ПУЦКО Петрол.

-Раководството на таа партија влегла во бизнис зделка и тендери со ПУЦКО Петрол, најблискиот човек од семејниот бизнис клан на Али Ахмети. На пример тука има договор со ПУЦКО Петрол каде што раководството на ДУИ склучува договори со Левица. Договорот е за набавка на гориво за јавните претпријатија кои ги води кадар на Левица, Антонио Димитров. Потоа има давање на тендери на фирми од Мала Речица. Потоа имаме фирма Арберија која е најпозната фирма на ДУИ, со луѓе од раководството на Левица. И сега сето ова ни го открива мотивот зошто таа партија го руши процесот на обединување на целата опозиција, потенцираше тој.

Богојески објасни дека врухушката на раководството преку Музеј на Град Скопје потрошила за авионски билети и луксузни хотели само за едно патување 645 илјади евра, додека во истиот ден исто од Градска Библиотека Браќа Миладиновци се набавени авионски билети во вредност од 2500 евра.

Врхушката на таа партија има на пример само за авионски билети и луксузни хотели само за едно патување 645 илјади евра. Во истиот ден кога тие билети ги купува од Музеј на Град Скопје управувано од Левица, имаме исто и набавка на авионски билет од скоро 250о евра Градска Библиотека Браќа Миладиновци, вели Богојески и порача дека потрошени се 35000 евра за партиски вработувања, како и по 1 милион за санација на тоалети.

Имаме 35 илјади евра за Агенција за привремени вработувања исто така кадри на Левица. Згрижување на партиски луѓе. Имаме 20 илјади евра некое опремување на рафтови на библиотека, има 1 милион, 2 милиона за санација на тоалети, за смешни работи каде се трошени милионски суми, кажа тој и додаде дека токму поради ова Левица го кочи процесот на обединување на опозицијата.

To top