Македонија Кога омразата станува стратегија?

Богдановиќ: Србофобијата како алатка во јавните настапи на СДСМ

Моите укажувања се и лични до многу другари кои ги знам таму и истиот став го делат многу поранешни подржувачи на СДСМ. Ако сфатите сфатите ако не, запамтете дека омразата води кон самоуништување, додаде во објавата Богдановиќ.

Богдановиќ: Србофобијата како алатка во јавните настапи на СДСМ

Очигледно некој треба да му го одземе пристапот од фб страната и веб страната на СДСМ и на тој што ги пишува соопштенијата затоа што ако има лични фрустрации од некого не треба да ја користи партијата за свои пресметки. Пишувањава се како лични профили на неколку помали србофобни коалициони портали кои својата политичка кариера ја градат на србофобија кои се длабоко влезени во СДСМ со цел да ја спроведуваат својата србофобна политика, објави поранешниот градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ.

„Мојот став е кажан јавно и стојам позади него а го базирам на настапите на неколку членови од старо новото раководство кои преку свои јавни настапи мораат да ја докажат својата србофобност мораат јавно да излезат и тоа да го потенцираат преку јавни настапи а сега уште повеќе го засилуваат преку соопштенија и прес конференции“ потенцира во својата објава.

Моите укажувања се и лични до многу другари кои ги знам таму и истиот став го делат многу поранешни подржувачи на СДСМ. Ако сфатите сфатите ако не, запамтете дека омразата води кон самоуништување, додаде во објавата Богдановиќ.

Имено, тој додаде: „П.С. Како некој не ви сметал пред неколку години кога ви требаше некој да ви пружи рака за да се помогне за државата“?!

Очигледно некој треба да му го одземе пристапот од фб страната и веб страната на СДСМ и на тој што ги пишува…

Posted by Саша Богдановиќ on Четврток, 25 декември 2025

Најнови вести од Македонија

To top