Македонија мпц

Благослов од владиката Партениј за правословните семејства во дебарско

Да се радуваме, зашто Христос победи! Победи за нас, за нашите деца, за нашите таги и радости. Нека оваа Пасха биде небесен благослов за вашето прекрасно семејство, со мир, си љубов, со здравје и со духовно Воскресение. Со срдечна пасхална прегратка во Христа Воскреснатиот, вели меѓу другото владиката Партениј.

Благослов од владиката Партениј за правословните семејства во дебарско

Епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Свештената бигорска Обител, во предвечерието на Христовото воскресение-Велигден упати благослов до православните верници.

– Да се радуваме, зашто Христос победи! Победи за нас, за нашите деца, за нашите таги и радости. Нека оваа Пасха биде небесен благослов за вашето прекрасно семејство, со мир, си љубов, со здравје и со духовно Воскресение. Со срдечна пасхална прегратка во Христа Воскреснатиот, вели меѓу другото владиката Партениј.

Со најголема љубов и со неискажлива радост во срцата, додава Партениј, ве поздравуваме со поздравот на победата и на животот: Христос воскресна-навистина воскресна”.

Православните семејства во Дебар, селата Рајчица и Горенци, како и долнореканските села Велебрдо, Битуше, Ростуше и Јанче се подготвуваат за големиот христијански празник.

– На нашиот владика Партениј од се срце му благодариме за оваа чест, како и за сите заложби што ги прави заедно со Бигорското братство и сестринството во Рајчица, за православието во овој крај. Бог да ги благослови и чува, вели за МИА, Десанка Секуловска.

За достојно одбележување на Христовото воскресение подготвен е и Бигорскиот манастир кој по традиција го посетуваат голем број верници.

Најнови вести од Македонија

To top