Македонија украина лидер во евроинтеграциите

Бјере во Скопје: Најголем прогрес во евроинтеграциите има Украина

Бјере не ги спомна обврските на Бугарија за 16-те пресуди на Судот за човекови права во Стразбур за Македонците, ниту кажа дека ЕУ дава некакви гаранции дека ова ќе биде последната блокада/аздис од Грција и Бугарија, кои сега играат заедно на европската сцена и лобираат за искривување ан извештајот кој ЕП треба да го презентира на 24-ти јуни….

Бјере во Скопје: Најголем прогрес во евроинтеграциите има Украина

„Билатералните прашања треба да бидат адресирани меѓу членките, меѓу соседите билатерално, но да не контаминираат процесот на пристапување во ЕУ.“, потенцира министерот Орхан Муртезани на средбата во Скопје со данската министерка Мари Бјере.

Според министерката Бјере, пак, засега најголем прогрес кон зачленување во Унијата имаат Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора.

„Ве молам искористете го моментумот“, истакна Мари Бјере, министерката за европски прашања на Данска за која Украина има најголем прогрес кон ЕУ, чија земја од први јули го презема претседавањето со Европската Унија. Таа од Скопје потенцира дека на Данска клучен приоритет ќе и биде проширувањето поради руската агресија и како што додаде, новите ветрови од Вашингтон. Сепак, кажа и дека Македонија има свои обврски, какви што биле уставните измени, акт кој го нема никаде во Копенхагеншките критериуми, настрана прифатен од една некредибилна влада на заминување во Македонија.

Бјере не ги спомна обврските на Бугарија за 16-те пресуди на Судот за човекови права во Стразбур за Македонците, ниту кажа дека ЕУ дава некакви гаранции дека ова ќе биде последната блокада/аздис од Грција и Бугарија, кои сега играат заедно на европската сцена и лобираат за искривување ан извештајот кој ЕП треба да го презентира на 24-ти јуни…

Посебно ја цениме принципиелната определба на Данска дека проширувањето на Европската Унија мора да се води исклучиво според Копенхашките критериуми – објективни, мерливи и еднакви за сите. Во време кога процесот е изложен на притисоци и тенденции на билатерализација, токму овие критериуми се нашата заштита. Тие се потсетник дека европскиот пат не смее да се условува со прашања надвор од суштината на демократијата, владеењето на правото и функционалната пазарна економија. Веруваме дека под лидерството на една кредибилна земја-членка, како што е Данска, ЕУ ќе може појасно да го артикулира својот ангажман кон регионот и да покаже дека процесот е не само жив, туку и остварлив.

Нашата земја, и покрај сите предизвици, останува посветена на тој пат. Планот за раст на Европската Унија го пречекавме како можност за нова етапа на интеграција, која веќе носи конкретни реформи и резултати. Фактот што Македонија наскоро ќе биде земја-домаќин на Самитот на лидерите од Западен Балкан претставува признание за нашата активна улога во обликувањето на европската агенда во регионот, изјави на прес-конференцијата со колешката Бјере министерот Муртезани.

To top