Македонија цацко коленичеше и продаваше име, не сдс, никако...

Бисера Антоанета во наплив на емоции: „Ние не клечевме и не молевме за власт, ветувајќи промена на името“?!?!?!

Веројатно, други го сменија исконското знаме во 90-те, трети направија идиотска приватизација, четврти прифатија приремено шутрачко БЈРМ име, петти направија насила ступидна територијална поделба, шести донесоа двојазичост, седми сменија исконско име, осми уценија фатени за кохонес пратеничиња и изгласаа антимакедонска смена на устав и преамбула, девети прифатија инфантилен Француски предлог. Секогаш некој друг ајван е виновен. Не, тоа не се СДС, тоа биле некој други што клечеле, тие не се такви. Скраја да е.

Тие „од нога“ се молат и колат за власт, не клечат, никако…

Бисера Антоанета во наплив на емоции: „Ние не клечевме и не молевме за власт, ветувајќи промена на името“?!?!?!

Нов ден, нов бисер од најоикофобната, автошовинистичка и најбезрбетна гарнитура во историјата на човештвото. Се вика СДС, општопознат факт во Македонија и благодарение на 7-годишните коленичења и мнооогу, многу подалеку.

Денеска, верувале или не (поверојатно второто) СДС реши да се бори за македонскиот јазик?! Молк и неверица, нели?

Екипата која ја донесе нејнеаргументираната и најшутрачка ДВОЈАЗИЧНОСТ во историјата на една земја, денеска се пенави за јазикот, та не бил третиран како што треба?

И тоа го пренесува кој друг, ако не Бисера Стојчевска, позната како Бисера Антоанета.

И не само тоа, во Фројдовски наплив на силни емоции, девојката која трошеше државни пари за дребулии по патувањата низ белиот ни свет и се шеткаше како „избркана од дома“ на Исусовиот гроб како министерка,  сега кажа дека НЕ, ТИЕ НЕ КОЛЕНИЧЕЛЕ при смената на исконското име. Јок. Тоа храбро го правеле за нас, за нашата иднина, за нашите деца, за Македонија.

„Ние не клечевме и не молевме за власт, ветувајќи промена на името“, рече денеска со сиот ум Бисера Антоанета?! А, што правевете?

Веројатно, во право е. Поради силните болки во колената од претходното силно 24/7 коленичење и клечење, кога молеле за власт со продажба на името тоа го сториле стоејќи. „Стоечкум“ молеле и нуделе име на држава за власт, не клечеле пустите. Аферим.

Ние ја штитиме Македонија преку НАТО и сакаме Македонија во ЕУ“, продолжи со инфантилната СДС патетика Антоанета.

Сега, е сега се други, затоа што се во опозиција. Башка, Савевски ќе ги отвора фиоките во ЈО. Затоа, сега СДС да ти се бореле за јазикот. И за Македонија. Не, не за власт и полни џебови. Никако, та тие се такви чисти душички, невини и докажани-прекажани борци за Македонија.

Веројатно, други го сменија исконското знаме во 90-те, трети направија идиотска приватизација, четврти прифатија приремено шутрачко БЈРМ име, петти направија насилна и ступидна територијална поделба, шести донесоа забегана двојазичост, седми сменија исконско име, осми уценија фатени за кохонес пратеничиња и изгласаа антимакедонска смена на устав и преамбула, девети прифатија инфантилен Француски предлог. Секогаш, по правило, некој друг ајван е виновен. Не, тоа не се ќелепурите од СДС, тоа биле некој други што клечеле, тие не се такви. Скраја да е.

Тие „од нога“ се молат и колат за власт, не клечат, никако…

Најнови вести од Македонија

To top