Македонија АППТ

Билјана Стефаноска ја презеде функцијата директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Досегашната в.д. директорка Јасмина Лескаровска ја запозна директорката Стефаноска со предизвиците, актуелните состојби и планираните активности во периодот што следува, и истовремено и посака успешна работа.

Билјана Стефаноска ја презеде функцијата директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Билјана Стефаноска ја презеде функцијата в.д. директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од нејзината претходничка в.д. директорката Јасмина Лескаровска, и притоа се обврза на посветена работа, одговорност, отчетност и транспарентност, информираат од Агенцијата.

-Досегашната в.д. директорка Јасмина Лескаровска ја запозна директорката Стефаноска со предизвиците, актуелните состојби и планираните активности во периодот што следува, и истовремено и посака успешна работа и продолжување на активностите во насока на развој на одржливиот туризам, како и унапредување и развој на севкупната туристичка понуда, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Лескаровска искажала голема благодарност за успешната соработка со македонскиот туристички сектор, Стопанската комора на Република Македонија и Швајцарските програми ИМЕ И СИППО, и се надева на продолжување на активностите од значење за туризмот во земјава

To top