Македонија

БЕЗ СТРУЈА СРЕДЕ СНЕГ: Делови од Куманово, Битола и Ѓорче Петров утрово се снаоѓаат како знаат и умеат

БЕЗ СТРУЈА СРЕДЕ СНЕГ: Делови од Куманово, Битола и Ѓорче Петров утрово се снаоѓаат како знаат и умеат

Поради дефекти во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија се делови од Куманово, Битола и скопската општина Ѓорче Петров.

Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија информира дека без струја се дел од централното градско подрачје во Битола и Домот на култура, како и Долно Оризари и Карамани, додека во скопската општина Ѓорче Петров без струја се дел од Новоселски пат, дел од Волково, Орман и Никиштани.

Во општина Куманово без струја утринава се Деловце, Длабочица, Драгоманце, Жеглане, Малотино, Осиче, Арбанашко, Кокино и Буковјане.

To top