Македонија Не станува збор за стентирање, туку за класични операции

Без интервентен кардиолог: МИА ги открива имињата на странските експерти ангажирани за непотребните операции

Останува нејасно, зошто овие операции не се вршеле на државната кардиохирургија која, за таа цел беше и основана.

Без интервентен кардиолог: МИА ги открива имињата на странските експерти ангажирани за непотребните операции

Никола Лакиќ, кардиоваскуларен хирург од Љубљана, Уголино Ливи, кардиохирург од Италија и Хугон Можина, специјалист интернист и специјалист по интензивно лекување во Љубљана, се тројцата странски експерти кои ќе бидат консултирани за случаите на непотребни кардиоваскуларни интервенции, дознава МИА.

Според нашите експерти, проблем е што во оваа група нема интервентен кардиолог, кој што всушност ја дава дијагнозата, без ангажман на таков стручњак, кај нашите експерти се јавува сомнеж. Посебно во однос на третиот странски експерт, д-р Можина, кој е интернист.

Нејасно е и зошто толку долго се чекаше за странските експерти. Првично се велеше дека проблемот се локалните избори, но тие завршија пред два месеци, така што очигледно дека тука работите не одат како што треба.

Нејасно е и зошто ЈО молчи, иако има осум спотврдени случаи на непотребни интервенции зад кои застанаа 16 наши врвни кардио-експерти, а на тие осум потоа беа додадени упте два случаи. Така што, без никакви оддолговлекувања, ЈО можеше да постапува бидејќи, фактички има експертско вештачење на 16 наши стручњаци.

На прашањето дали има промени во составот на постојната домашна Комисија, од Министерството за здравство за МИА, посочуваат дека промена во составот на Комисијата има само во делот на еден од нивните претставници. За нов член на Комисијата, како што се наведува, е назначен д-р Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина, додека претседавач се уште е д-р Жарко Христовски, специјалист по кардиологија од Аџибадем Систина, како највозрасен член на Комисијата.

За изворите на МИА е нејасно и зошто е ангажиран лекар од Судска медицина, бидејќи тоа предизвикува револт кај поголем дел од оние 16 експерти по кардиоваскуларни болести кои досега се изјаснија.

На прес-конференција одржана во ноември минатата година министерот за здравство Азир Алиу соопшти дека од пристигнатите 25 случаи, интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции анализирала 19, од кои кај 10 случаи утврдила дека се непотребно извршени операции или непотребно се упатени за операции. Тоа се тие 10 за кои сите и натаму молчат, вклучувајќи го и ЈО.

Како што објавивме уште во септември, во документот на кој се потпишаа 16 кардиолози и кардиохирурзи од државните клиники, кој заедно со осумте досиеја на пациенти на кои им биле извршени кардио-операции на приватна клиника, ги доставија до Министерство за здравство и до ФЗО, стои дека тоа се случаи кај кои се констатирани „одредени неправилности во индикациите за оперативен третман“. Подоцна бројот на случаи се зголеми на над 20.

Што значи тоа, прашавме тогаш некои од потписниците? Одговорот што ни беше проследен е краток и јасен: „Дека нема вистинска причина за операција, според медицината базирана на докази“.

Тоа значи дека во овие осум случаи, кои станаа 10, а сега веќе не се ни знае колку се, според 16-те наши кардиохирурзи и кардиолози, непотребно биле извршени операции, а потоа истите биле наплатени од Фондот за здравствено осигурување. Овде не станува збор за стентирање за што ФЗО нема договор со приватните клиники, вели нашиот извор, туку за класични операции.

Останува нејасно, зошто овие операции не се вршеле на државната кардиохирургија која, за таа цел беше и основана. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top