Кандидаткот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска со дел од советничката листа ја посетија црквата „Св. Ѓорѓи“.
Поводот на посетата е денешниот голем празник, Собор на сите македонски светители.
-Со молитва се поклонивме пред делата на нашите светители, кои со вера, мудрост и љубов го осветлија патот на македонскиот народ низ вековите, објави Стаменкоска Трајкоска.
☦️По повод денешниот голем празник, Собор на сите македонски светители, со дел од советничката листа со голема радост и…
Posted by Бети Стаменкоска Трајкоска on Sunday, October 5, 2025
Нека овој празник ни донесе спокој, благослов и сила за добри дела, потенцира во објавата.