Македонија Министерство за европски прашања

Беким Сали на средба со амбасадорката Нивес Тигањ

Министерот за европски прашања и Прв Заменик Претседател на Владата, Беким Сали, денес оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ

Беким Сали на средба со амбасадорката Нивес Тигањ
На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во процесот на европска интеграција на Република Македонија и за приоритетите поврзани со Реформската агенда и обврските од европската агенда. Министерот Сали ја истакна определбата на Владата за забрзана имплементација на реформите и испорака на конкретни резултати, со посебен фокус на владеењето на правото и подобрувањето на апсорпцијата на европските фондови.
Соговорниците разговараа и за значењето на континуираната поддршка од земјите членки на Европската Унија за процесот на проширување, како и за важноста од одржување на позитивниот моментум на европската интеграција во регионот.
Министерот Сали изрази благодарност за досегашната поддршка и нагласи дека Министерството за европски прашања ќе продолжи со засилена координација и фокус на реформските приоритети во насока на напредок во пристапниот процес.

Најнови вести од Македонија

To top