Македонија Телото на бебето пратено на обдукција

Бебе почина на Детската клиника во Скопје, според Мемеди имало здравствени проблеми

Според Мемеди, биле запазени сите процедури и третмани и нема лекарска грешка. Тој вели дека се работи за неоснован притисок врз Клиниката и здравствениот персонал во оваа институција.

Бебе почина на Детската клиника во Скопје, според Мемеди имало здравствени проблеми

Седуммесечно бебе синоќа починало на интензивна нега на Детската клиника во Скопје.

Директорот на Клиниката Реџеп Мемеди во изјава за МИА појаснува дека бебето било со генетски проблем и имало оштетени повеќе органи.

Според Мемеди, биле запазени сите процедури и третмани и нема лекарска грешка. Тој вели дека се работи за неоснован притисок врз Клиниката и здравствениот персонал во оваа институција.

Телото на бебето е пратено на обдукција на Патологија.

Најнови вести од Македонија

To top