Македонија локални избори 2025

Бајовски: Чучер Сандево да биде поубаво и достојно место за живеење

Со нови инвестиции и поддршка од Владата, Чучер Сандево ќе се вклопи во сликата на Скопје, рече Бајовски.

Бајовски: Чучер Сандево да биде поубаво и достојно место за живеење

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Чучер Сандево, Зоран Бајовски се обрати пред присутните на Кучевишка Бара, продолжувајќи ги серијата посети во рамки на втор круг Локални избори 2025 закажани за 2 ноември.

-Чест ми е што првпат се обраќам пред Кучевачка Бара, населено место кое повеќе години припаѓа во Чичер Сандево, гласачки беше оделено во Бутел и мислам дека е нанесена голема неправда од 2005 година со територијалната поделба.

Тој додаде дека сега има историска шанса да се исправ таа грешка.

-Да може конечно жителите на Кучевишка Бара, Бел Камен и Расадник да ги добијат основните средства за живот бидејќи 20 години беа заборавени од градоначалниците на Чучер Сандево и не можеше да се направи ништо, рече Бајовски.

Бајовски истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ издвоила околу 45 милиони денари за проектот во Кучевишка Бара, а како што вели тој, проектот опфаќа 13 километри примарна и секундарна мрежа, атмосферска канализација и реконструкција на водоводната мрежа, со што конечно ќе се решат клучните инфраструктурни потреби во овој дел од општината.

„Тоа го покажа Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Најмногу средства во Чучер Сандево беа доделени токму за Кучевишка Бара, околу 45 милиони денари, средства од унгарскиот кредит за изградба на пречистителна станица“, кажа Бајовски и додаде:

„Во тој дел во програмата е токму 13 километри примарни секундарна мрежа заедно со пречистителна станица, но и атмосферска канализација, но и коригирање на делот на водовод конкретно реконструкција на водоводната мрежа улица, и мислам конечно Кучевишка Бара ќе го добие тоа што и е потребно“.

Бајовски ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање во вториот изборен круг на 2 ноември и да поддржат кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со број 9.

„Да го дадете гласот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со реден број 9 и конечно и Чучер Сандево да се вклопи во сликата на Скопје како општина“, заклучи Бајовски.

To top