Во „10 минути“ на ТВ21 вчера гостуваше министерот во заминување Азир Алиу.
Зборувајќи за предлогот на партијата од која што доаѓа, да биде разрешен од функцијата министер за информатичко општество и администрација, Алиу се задржа на последната седница на Владата, на која според него, сите овие кадровски измени се прават на барањето на министерот од редовите на ДУИ, Артан Груби.
Алиу дури и го опиша на политичкиот профил на Груби.
-Ако го анализирате политичкиот профил на Артан Груби, тоа е хибриден профил помеѓу нарцизмот и макијавелизмот. Зошто велам дека тоа е хибриден профил помеѓу макијавелизмот и нарцизмот? Во овој политички профил има неколку карактеристики, кои ги дефинирав во хибридна форма. Сака многу внимание, има огромна желба да биде моќен, да рефлектира моќ. Од друга страна е личност која има минимална емпатија кон другите. Манипулативен профил кој прави се за да ги постигне своите цели, рече Алиу, додавајќи дека е личност која прави поделби е е манипулатор.
Алиу дури оди понатаму и вели дека поради ваквиот комплексен профил на Груби дошло и до „поделба во ДУИ“, додавајќи дека прашањето на техничкиот премиер било „да се фотографира и да снимаат видеа Артан Груби“.
-Да не зборуваме за нивниот лидер – Али Ахмети. Од многу искусен политичар, тој стана фолк пејач правејќи видеа и споделувајќи ги на социјалните мрежи. Во последно миу е жал бидејќи јас лично го познавам и Талат Џафери. За жал, тој го руши профилот на техничкиот премиер и господинот Џафери земајќи му го неговиот дел од менаџирањето, вели Алиу.