Македонија

АВМУ ги објави извештаите за емитувано ППР за втор круг претседателски избори и за парламентарни избори

АВМУ ги објави извештаите за емитувано ППР за втор круг претседателски избори и за парламентарни избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги објави извештаите за платено политичко рекламирање (ППР) емитувани за време на вториот круг од претседателските избори и за парламентарните избори 2024.

Во вториот круг од изборната кампања за претседателските избори, вкупно 57 радиодифузери (32 телевизии и 25 радија) склучиле договори со двајцата учесници во изборната кампања.

– Од 10-те национални телевизии, најмногу реклами емитуваа Канал 5 (24 часа 1 минута и 32 секунди), Сител (16 часа 25 минути и 16 секунди) и Алфа (14 часа 24 минути и 43 секунди), додека од 4-те национални радија најмногу реклами имаа Антена 5 (8 часа 31 минута и 40 секунди) и Канал 77 (4 саати 32 минути и 7секунди), се вели во извештајот на АВМУ.

За кандидатот за претседател Стево Пендаровски биле емитувани вкупно 160 часа 58 минути и 32 секунди ППР (128 часа 48 минути и 43 секунди на ТВ и 32 часа, 9 минути и 49 секунди на радио), додека за кандидатката Гордана Сиљановска-Давкова емитувани се вкупно 122 часа и 22 секунди ППР (75 часа 14 минути и 5 секунди на ТВ и 46 часа 46 минути и 17 секунди на радио).

Во однос на парламентарните избори, на 68 радиодифузери (39 телевизии и 29 радија) кои склучиле договори со учесниците во изборната кампања биле емитувани вкупно 567 часа 43 минути и 31 секунда платено политичко рекламирање.

– Од 11-те национални телевизии, најголем обем на реклами имаа Алсат-М (44 часа 12 минути и 27 секунди), Канал 5 (35 часа 58 минути и 4 секунди) и ТВ Компани 21-М (33 часа 5 минути и 57секунди), додека од 4-те национални радија најмногу реклами емитуваа Антена 5 (15 часа 22 минути и 35 секунди) и Канал 77 (10 часа, 6 минути и 46 секунди), се вели во извештајот на АВМУ.

Извештајот за ППР на радиодифузерите за вториот круг од изборната кампања за претседателските избори во периодот од 25 април до 6 мај 2024 година е достапен на линкот.

Извештајот за ППР на радиодифузерите од изборната кампања за парламентарни избори во периодот од 18 април до 6 мај 2024 година е достапен на линкот.

Најнови вести од Македонија

To top