Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Арсовска е единица мерка за неспособност- колку тежи се виде на последните избори кога ниту домашните не ја гласаа, наместо метропола Скопје го претвори во депонија

Арсовска е единица мерка за неспособност- колку тежи се виде на последните избори кога ниту домашните не ја гласаа, наместо метропола Скопје го претвори во депонија

Кој е како Данела Арсовска. Седи, добива плата и провизии, а Владата и ги плаќа ратите за автобуси кои Арсовска не е способна да ги плаќа. Кадрите на Драги Митковски го водат градот, освен кога Арсовска не му е лута, и му ги разрешува, а него му гори возилото, согласно омилениот метод на Арсовска за пироманство, а СДС и гласа буџет во совет, истиот тој со кој раководат кадри на Левица во неколку скопски институции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Покрај лажното високо мислење за себе, соочувањето со реалноста се виде на последните избори кога поддршката на градоначалничката Арсовска беше на ниво на статистичка грешка кога и домашните не ја гласаа.

Скопје е нечисто не поради некаква неизгласана програма туку поради некадарноста, криминогеноста и подлоста на Данела Арсовска која добива поддршка од СДС, Дуи и Левица.

Додека Данела Арсовска менува директори секојдневно, а веруваме дека имињата ниту самата не ги памети, треба да се знае дека Градот Скопје го претвори во депонија затоа што фокусот не и е чистотата туку провизиите.

Сите одговорности и надлежности се во рацете на Арсовска. Наместо да бара кривици нека се зафати со работа, додаваат од партијата.

Најнови вести од Македонија

To top