Македонија армија

Армијата со полни раце работа: Активно е вклучена зa гасење на пожар кај велешко

Армијата со полни раце работа: Активно е вклучена зa гасење на пожар кај велешко

Активен е пожарот кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци во Општина Велес каде што годи мешана шума, како и во Општина Македонски Брод помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина каде што огнот зафатил деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.

Армијата во текот на денешниот ден беше ангажирана за гасење на пожар во реонот на селото Џидимирци и Крушје, велешко.

Под контрола е ставен пожарот во селото Николич во Општина Дојран за чие гасење вчера беа ангажирани и два авиона Ер трактор. Додека до 08:00 часот утрово во земјава се евидентирани 21 пожар, од кои активни се два, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Најнови вести од Македонија

To top