Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда за случајот „Беса Транс“ и предметот е вратен на повторно судење. Бочварски и ден-денес не чувствува одговорност што неговото министерство беше виновно што нелиценциран автобус возеше надвор од државата и во него живи изгореа 45 луѓе, многу од нив деца. Тогаш не поднесе ниту оставка, од морални причини. Слично како лидерот му Филипче за модуларната болница. Велат, така им налагала СДСМ матрицата на дејствување, т.н. „нула одговорност“ за функционерите. Втор изговор и оправдување било дека секога „рибата смрди од опашката“, како што тврди лидерот во сенка Заев, не од главата..
Од Апелација за МИА, потврдуваат дека има одлука по предметот и дека веќе е вратен во првостепен суд.
– Одлуката е укината, жалбите на обвинетиот како физичко и правно лице се уважени. По жалбите и по службена должност пресудата е укината и предметот е вратен на повторно судење, информираат од Апелација.
Посочуваат дека одлуката веќе е анонимизирана и ќе биде јавно објавена на страницата на судот.
За случајот, кој се однесуваше на продолжено кривично дело „фалсификување на исправа“, Кривичниот суд Скопје во март годинава, изрече една година и осум месеци казна затвор за сопственикот на „Беса Транс“, Беким Хаџиу, и парична казна од 800 000 денари, како и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз на правното лице.
За потсетување, пред три години се случи сообраќајната несреќа во Бугарија во која се запали автобус на „Беса транс“. Загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени.
Автобусот беше дел од групата од четири автобуси на „Беса транс“ кои се враќале од организирано патување во Истанбул.
Во Бугарија се водеше судски процес за несреќата, а вината беше лоцирана кај возачот, кој исто така загина.