Со срце исполнето со топлина и со особено чувство за заедничка човечка солидарност, се обраќаме до вас во овој прекрасен период на годината. Се надеваме дека ја чувствувате предновогодишната магија и радоста што ја носи овој предпразничен период.
Сега, кога сите деца со нетрпение го исчекуваат Дедо Мраз, сакаме да ви ја споделиме приказната за едно мало сонце, малиот Марин. Марин е шестгодишно прекрасно дете, преполно со чиста љубов, кој има само една желба – да оздрави и да може да има нормално детство и нормален животот како сите други деца.
Во овие празнични моменти, кога сите нас е охрабрува желбата за подарување и дарување на среќа, ве покануваме да станете дел од вистинското божиќно чудо за Марин. Додека сите деца имаат писма
со бескрајни желби, Марин се надева на едно единствено чудо – живот без пречки и со безгранична љубов.
Трансплантацијата на матични клетки во Турција ќе му овозможи подорбување на неговата здравствена состојба и на неговиот живот.
Затоа, ве молиме, подарете го вашето срце и помогнете да му ја исполниме желбата на Марин.
Вашата донација, мала или голема, може да биде светлината на неговиот пат кон здравје и среќа. Да му обезбедиме на Марин еден божиќен подарок што нема цена – нов живот и среќно детство.
Можете да донирате 100 денари со секој телефонски повик на броевите:
143-113 (Телеком)
143-475 (А1)
Жиро сметка 200004123143684(Стопанска банка),
IBAN- MK07200004124383053