Во ПЗУ „Плодност“ на првиот ден од новата година се роди и едно машко дете, Матео чија мајка е од Прилеп додека во ЈЗУ Клиничка болница на Одделението за гинекологија се родија уште две машки бебиња, на кои пригодни подароци им додели градоначалникот Тони Коњановски.
-Денес сме тука со колегите од мојата професија, каде што присуствуваме на убав чин, каде во име на граѓаните и на Општина Битола им доделивме скромни подароци за новороденчињата. Добро здравје и успеси за сите, истакна градоначалникот Коњановски, по посетата на на двете здравствени установи.