Македонија би загубила три пратеници

Анкета за Евроизборите: ЕПП и натаму останува најголема политичка групација во претставничкото тело на ЕУ

Изборите за членови на Европските парламент треба да се одржат во периодот од 6 до 9 јуни 2024 година.

Анкета за Евроизборите: ЕПП и натаму останува најголема политичка групација во претставничкото тело на ЕУ

Доколку сега се одржат избори за членови на Европскиот парламент, десноцентристичката Европската народна партија (ЕПП) би загубила три пратеници во споредба со сегашните 176, но и натаму би останала најголема политичка групација во претставничкото тело на ЕУ, оставајќи ја зад себе Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), која би загубила две места и од сегашните 141 би се свела на 139 европратеници, покажуваат резултатите на последното истражување на јавното мислење на „Јуроп Електс“ спроведено кон крајот на октомври.

Од друга страна, групите на десницата и левицата би ја зголемиле својата бројност и тоа десничарската Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) од 65 на 80, групата на екстремната десница Идентитет и демократија (ИД) од 60 на 76, а Левицата до 37 на 45 пратеници.

Иако, анкетите во претходните месеци покажуваа дека ЕПП ќе загуби околу 15 пратеници, сепак последните сондажи даваат подобар перформанс на оваа групација, пред се благодарение на растот на популарноста на шпанската Народна партија (ПП), која би можела уште повеќе да зајакне во следниот период како резултат на нестабилна политичка состојба во Шпанија и контроверзните преговори на актуелната левичарска Влада со каталонските сепаратистички партии.

Престанете да зборувате за тоа и почнете да го правите тоа“, напиша групата на Твитер.

Дополнително на контото на ЕПП се очекуваат и зголемен број пратеници од Полска од Граѓанската платформа (ПО) и Полската народна партија (ПСЛ), кои би можеле да остварат подобар резултат понесени од успехот на минатомесечните парламентарни избори во земјата и можноста да бидат дел од новата влада.

Од друга страна, партиите од левоцентристичката групација СД бележат пад на популарноста последните месеци, но групата во целина останува со стабилен број пратеници како резултат на подобрените позиции на двете словачки партии Насока – Словачка социјална демократија (СМЕР-ССД) и Глас – Социјална демократија (Хлас-СД), како и на подемот на италијанската Демократска партија (ПД), која се очекува да добие дополнителни три пратеници.

Центристичката либерална групација Да ја обновиме Европа (РЕ) се предвидува да загуби осум места од 100 на 92 европратеници и тоа пред се поради падот на популарноста на најголемата партија во групата, Ренесанса на францускиот претседател Емануел Макрон, но од друга страна подобри резултати се очекуваат од германската Слободна демократска партија (ФДП), чешката Акција на незадоволни граѓани (АНО), италијанската либерална партија Акција и финската Партија на центарот (КЕСК).

Трите водечки групации во Европарламентот – ЕПП, СД и РЕ, според оваа анкета, заедно би освоиле 404 од вкупно 720-те места, со што би го задржале мнозинството што го имаат и сега.

Најголем губитник се предвидува да биде групата на Зелените и Европската слободна алијанса (Зелени/ЕФА), која, според анкетата, би загубила 21 место, од 72 на 51 пратеник, и наместо четврта групација по големина, би се борела за шестото место со Левицата. Иако италијанската партија Зелена Европа (ЕВ) и германската Волт би успеале да влезат во ЕП со по најмалку два пратеника, сепак останатите еколошки партии бележат пад на популарноста и некои од нив дури би можеле да останат и надвор од Парламентот, како луксембуршките Зелени.

Десничарската национал-конзервативна групација Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) се очекува да ја зголеми својата бројност за 15 пратеници од сегашните 65 на 80 и да стане четврта по големина група во ЕП. Но, доколку нејзината најголема членка, полската Право и правда (ПИС) од која доаѓаат над третина од сегашните европратеници на групата, како што е се поизвесно, ја загуби власта во Полска, ЕЦР на изборите би можела да забележи и послаб резултат.

Од друга страна, во постојан подем е екстремно десничарската група Идентитет и демократија (ИД), која би добила 16 места од сегашните 60 на вкупно 76 европратеници, пред се како резултат на растот на популарноста на Алтернатива за Германија (АФД), францускиот Национален собир (РН) и холандската Партија на слободата (ПВВ). За разлика од нив, сега најголемата партија во групацијата Лига на Матео Салвини продолжува да губи гласови, кои се прелеваат на контото на партијата Браќа на Италија (ФДИ) на премиерката Џорџа Мелони, која е дел од ЕЦР.

Процентуално, најголем раст се предвидува да острови групата Левица, чиј број на пратеници од сегашните 37 би се зголемиле на 45, благодарение на растот на популарноста на двете нејзини француски членки – Бунтовна Франција (ЛФИ) и Француската комунистичка партија (ПЦФ), Италијанската левица (СИ) и кипарската Прогресивна партија на работниот народ (АКЕЛ).

Изборите за членови на Европските парламент треба да се одржат во периодот од 6 до 9 јуни 2024 година.

To top