Македонија Кој син е следен? функционер од врхушката на сдсм

Ангеловски за појавувањето на синовите на Бучковски и Фрчковски: Тоа е таа ЦРВЕНА БУРЖОАЗИЈА, поранешна УДБА

Граѓаните означувањето на крајот на протестот од страна на синот на Бучковски го протолкуваа како јасна вмешаност на СДСМ во она што, барем, требаше да биде граѓански протест, дилетантски и крајно аматерски потег на рамниште на тешка глупост која партијата од Бихаќка не смееше да си го дозволи. А, сепак, толку многу личи на нив и така фантастично им прилега на полтикантите од Бихаќка.

Ангеловски за појавувањето на синовите на Бучковски и Фрчковски: Тоа е таа ЦРВЕНА БУРЖОАЗИЈА, поранешна УДБА

„Ова  е тој остаток од црвената буржоазија, ние во минатиот систем до 90-та имавме создадено црвена буржоазија која ја претставуваа комунистичките или социјалистичките директори, социјалистичките функционери и високите офицери во тогашната ЈНА, така се создаваше таа црвена буржоазија, која го окупира Водно и таму создаде своја енклава,“ вака претседателот на МААК, Страшо Ангеловски, гледа на дилетанското појавување на синот на Владо Бучковски од СДСМ кој со мегафон означи крај на протестот на „Кој е следен?“, за да следниот ден прес-конференција на Бихаќка на оваа тема одржи кој друг ако не Јон, синот на Љубомир Фрчкоски, поранешниот министер за внатрешни работи кој по атентатот врз претседателот Киро Глигоров небулозно и со преседан од партијата беше „награден“ со позиција министер за надворешни работи.

„Таа и таква црвена буржоазија дури создаваше и инцестни бракови меѓу себе за да остане затворена. Таа и таква продолжи и во овие триесет години. Наследниците на црвената бужоазија беа тие кои ја извршија криминалната транзиција и приватизација за да дојдат повторно во владеење . Тие и таквите преку СДСМ владееја со оваа држава и сега нивните внуци се појавуваат еве повторно и имаме проблем со таа црвена буржоазија. Таа е всушност, она што на времето се нарекуваше УДБА. Таа е таа македонска „длабока држава“ (Deep state) која постојано излегува од мочуриштето во моменти кога нема да биде на власт. Ние мораме да бидеме свесни дека тоа нам ни се случува постојано, меѓутоа поддржано од корумпираните претсавници на дел од меѓунардоната заедница овде во Македонија,“ одговори Ангеловски на прашањето на новинарот Љупчо Цветановски во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

Граѓаните означувањето на крајот на протестот од страна на синот на Бучковски го протолкуваа како јасна вмешаност на СДСМ во она што, барем, требаше да биде граѓански протест, дилетантски и крајно аматерски потег на рамниште на тешка глупост која партијата од Бихаќка не смееше да си го дозволи. А, сепак, толку многу личи на нив и така фантастично им прилега на полтикантите од Бихаќка. Изнедрувањето на Јон Фрчкоски, пак, граѓаните го видоа како награда за синот на Љубомир кој беше еден од неколкумината (се броеја на прсти) кои по Кочансската трагедија ја нападнаа јавно актуелната влада, премеирот и министерот за внатрешни, ширејќи неаргументирани и мизантропски тези.

Од друга страна, улогата или наградата за синчето на Бучковски, пак, се толкува како „враќка“ или возвратна услуга за вршењето на неблагодарната улога на Владо Бучковски како специјален пратеник на Заев и Ковачевски во односите со Бугарија, мисија која резултираше со прифаќањето на целосно пробугарскиот Француски предлог, кој тотално ги заглави македонските евроинтеграции.

„КОЈ син Е СЛЕДЕН на партиска функција и висока позиција, директорско, пратеничко или министерско место во ЕЛИТИСТИЧКАТА СДС“, прашуваат граѓаните на социјалните мрежи и резигнирано коментираат:

Никој, оти пустите некрофили никогаш повеќе нема да победат на избори…

Најнови вести од Македонија

To top