Македонија

Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“

Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов денеска информира дека со брза акција и со повеќе возила е спречено проширување на пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде е зафатена мешана шума.

– Пред малку огнот се закани на објектите на ЈП „Јасен“, но со брза, енергична и одлучна акција, со повеќе возила кои претходно беа поставени во полукружна одбрана, огнот беше сопрен во близина на самите објекти. Прилагодените „пинцгауери“ и „хермелини“ по којзнае кој пат се покажаа одлични. Без нив целата оваа борба против огнената стихија ќе имаше друг тек, рече Ангелов.

Тој изрази благодарност до припадниците на специјалните единици на Армијата и полицијата, „Волци“, „Ренџери“ и ЕБР, до пожарникарите од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) и до вработените во ЈП „Јасен“ и „Национални шуми“.

– Борбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ продолжува. Пред малку изби силен густ чад, зад неколку објекти на самото јавно претпријатие. Црн чад, висок пламен, кој е видлив. Поставена е одбрана и на огнот нема да му дозволиме да дојде наваму, но теренот не доволува влегување бидејќи се работи за стрмен терен и густа шума. И покрај тоа што овде имаме тимови од „Волците“, „Ренџерите“ и од МВР, сепак е невозможно да се влезе долу, изјави од терен Ангелов. Додаде дека имаат доволно сили кои ќе го стопираат овој, како што рече, тежок за гаснење пожар.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека територија на државава денеска до 12 часот регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а 11 се изгаснати.

Најнови вести од Македонија

To top