Сериознен пожар беснее и го загрозува пехчевско Негрево, каде огнот е дојден до куќите.
Ова вечерва го изјави директорот на ЦУК , Стојанче Ангелов, кој кажа и дека пожарникарите и локалното население ќе се обидат да го одбранат селото и градот Пехчево.
Сериозне пожар беснее и во близина на кумановското село Живијне, каде населението ќе се обиде да го стави под контрола, помогнати од противпожарните екипи.
Има опсаност по куќите и во кртатовското село Татомир.
Опасно е и во светиниколското село Долно Ѓурѓанци, каде пожарот беснее веќе втор ден и се движи кон Куманово.