Македонија ДЗС

Ангелов – Аисен: Можности за продлабочување на македонско-израелската соработка во превенција и справување со пожари и кризен менаџмент

Амбасадорката на Израел, Аисен и директорот на ДЗС, Ангелов, изразија задоволство од оваа прва средба и подготвеност за натамошна успешна соработка, стои во соопштението.

Ангелов – Аисен: Можности за продлабочување на македонско-израелската соработка во превенција и справување со пожари и кризен менаџмент

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов денеска оствари средба со Вивиен Аисен, амбасадорка на Израел во Македонија.

Како што соопштија од ДСЗ, на средбата се разговарало за досегашните билатерални активности во доменот на заштитата и спасувањето и кризниот менаџмент, како и за можноста за нејзино унапредување, посебно во делот на превенција и справување со пожарите. Исто така, се разговарало и за можноста за развивање проекти, со цел зајакнување на нашите капацитети за справување со итни ситуации.

-Амбасадорката на Израел, Аисен и директорот на ДЗС, Ангелов, изразија задоволство од оваа прва средба и подготвеност за натамошна успешна соработка, стои во соопштението.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top