Македонија ССК

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

Компаниите ќе бидат задоволни ако добијат можност да инвестираат со рочност до 15 години. Во јавноста постојат доста дискусии во однос на субвенционирањето на каматите за унгарскиот кредит наменет за компаниите. И да се случи субвенционирање на каматите тоа нема да биде првиот случај, бидејќи и во минатото македонските влади ги субвенционирале каматите, рече Ангелоски.

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

Бизнисот очекува што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредитсо комерцијалните банки, порача денеска претседателот на Сојузот на стопанските комори на Македонија – ССК Трајан Ангелоски и додаде дека македонската економија треба да добие поддршка.

Истакна дека унгарскиот кредит во однос на рочноста е поповолен од комерцијалните, а добра му е и каматата од 3,25 проценти. Банките, додаде, си ги гледаат и штитат своите интереси, а Владата треба да гледа малку пошироко и да го застапува јавниот интерес.

-Треба да се најде заедничко решение како да се заврши целата работа. Приватниот сектор очекува дека средствата од унгарскиот кредит ќе ги добие преку Развојната банка и комерцијалните банки. Тоа ќе биде стимул за понатамошни инвестиции, развој, нови работни места и креирање на нова додадена вредност, рече Ангелоски во одговор на новинарско прашање на денешниот настан со кој ССК одбележува 20 години работење.

Посочи дека 250 милиони евра не се фантастично голем износ, но секој износ од оваа големина, како што кажа, е добредојден за македонските компании.

-Компаниите ќе бидат задоволни ако добијат можност да инвестираат со рочност до 15 години. Во јавноста постојат доста дискусии во однос на субвенционирањето на каматите за унгарскиот кредит наменет за компаниите. И да се случи субвенционирање на каматите тоа нема да биде првиот случај, бидејќи и во минатото македонските влади ги субвенционирале каматите, рече Ангелоски.

Сите нормални држави во светот, додаде, одлучиле дека им се потребни банки за развој и дека од време на време кога ќе процени владата превенира со одредени финансиски средства со цел да го стимулира економскиот раст.

To top