Откако американскиот Стејт Департмент соопшти дека на американската црна листа се додаваат имињата на Катица Јанева и Стевчо Јакимовски, со реакција се јави и американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер.
Денешните ознаки на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и актуелниот претседателски кандидат и градоначалник Стевчо Јакимовски никого не треба да изненадуваат. Соединетите Држави ќе продолжат да ги именуваат функционерите на која било партија, огранок на владата или заедница што е вклучена во значителна корупција. Граѓаните заслужуваат правда и одговорност од нивните институции за да се запре бранот на криминално однесување и да се запре ракот на корупцијата, порача Агелер.