Македонија МДТ

Андоновски: Започнуваме со борбата против корупцијата во Фондот за иновации

Андоновски говореше и за планот за дигитализација на услугите, при што најави целосен редизајн на порталот за услуги – uslugi.gov.mk, нови дигитални услуги за граѓаните и олеснета пристапност.

Андоновски: Започнуваме со борбата против корупцијата во Фондот за иновации

Минатата Влада на ДУИ и СДСМ го девалвираше зборот „иновации“. Средства од Фондот за иновации се делеа за рецепти за пица, за непостоечки апликации, за вибер групи. Едноставно, се финансираа партиски послушници и криминални здруженија, вели Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

-Со новото раководство на ФИТР направивме план за откривање на методите на кои се распределувале средствата, откривање на злоупотребите, враќање на средствата во буџетот и отпочнување на кривичен прогон онаму каде што ќе се појават основи на сомнение велат од кабинетот на Министерот за дигитална трансформација.

Андоновски говореше и за планот за дигитализација на услугите, при што најави целосен редизајн на порталот за услуги – uslugi.gov.mk, нови дигитални услуги за граѓаните и олеснета пристапност.

To top