Македонија

Андоновски: За нашите европски партнери ВМРО-ДПМНЕ е победник на следните избори и сигурен партнер

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е кредибилен партнер на Европската народна партија.

Андоновски: За нашите европски партнери ВМРО-ДПМНЕ е победник на следните избори и сигурен партнер

„Основниот впечаток кој го добив од посетата е дека нашите европски партнери, исто како и нас, се убедени во победата на претстојните парламентарни избори. Во таа насока беа и бројните билатерални и мултилатерални состаноци. Се дискутираше за глобалните и локалните предизвици на економијата, справувањето со геополитичките состојби, климатските промени и влијанието врз селата и земјоделството“, изјави Стефан Андоновски – Меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ и заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е кредибилен партнер на Европската народна партија.

-Нашите напори за создавање програма која ќе нуди реални решенија е препознаена и ние имаме сериозна поддршка за нејзина реализација, посочи Андоновски.

Меѓудругото Андоновски напомена и дека СДСМ долг период говори дека ВМРО-ДПМНЕ е изолирана партија, меѓутоа гледаме дека тоа не е вистина. ВМРО-ДПМНЕ е европска партија со голема поддршка од државите членки на Европската Унија.

„СДСМ велеше дека ВМРО-ДПМНЕ не е Европска партија, но видовме како нивниот претседател Димитар Ковачевски, не ни беше примен на состанок со Европските сестрински партии. Тоа нешто кажува.“ потенцираше Андоновски.

To top