Андоновски констатираше дека кога ја преземал функцијата заменик министер на МИОА, затекнал една хистерија во министерството и трка со времето, за до 14 февруари да се завршат овие вработувања, за да можат да се уценат сите тие 2700 луѓе да донесат по 10 луѓе да гласаат за нив.
Андоновски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има поразличен пристап, од овој што беше до сега на моменталната власт. Беше дециден дека ќе има одговорност за луѓето кои што направиле кривично дело или дисциплински престап во институциите. ВМРО-ДПМНЕ нема да навлезе во политички реваншизам кон вработените кои што се поддржувачи на другите партии, како што правеше своевремено Зоран Заев.
Андоновски го коментираше апсурдниот аспект на употребата на балансерот при вработувањата.
-Имаме намалување на процентот на Македонци вработени во јавната администрација за 5% и зголемување на процентот на сите останати. Бројот на Македонци се намалил за околу 5000 луѓе, а во исто време сите останати пораснале над процентот кој што го дозволува цензусот. Во министерството за политички систем, 95% од вработените се Албанци, а помалку од 1% се Македонци, истакна Андоновски.
-Балансерот треба да замине во историјата, тоа е мој и став на партијата, и е интересно дека ова поттикна етнонационална хистерија кај Бујар Османи. Од зелена партија кон партија која што фрла анатеми кон ВМРО-ДПМНЕ, дека е против Албанците и другите етнички заедници, и тоа го прави на најбрутален можен начин, додека блиски луѓе до Османи и ДУИ се богатат на сметка на сите луѓе во нашата држава.
-Бујар Османи и самиот сакаше да го изигра балансерот. Ова ДУИ не го прави затоа што е зелена партија, не го прави затоа што е партија на Албанците, Турците, Бошњаците и другите. Ова го прават затоа што е долар партија. Ова е партија која што единствено ја интересираат финансиите. Со секое место кое што е предвидено за Албанец во институција која што ја раководи ДУИ, е место за ДУИ, кое што ДУИ го трампа за пари или за гласови за изборите. На избори не одат со програма и ветувања за граѓаните, туку со список со луѓе кои што ги вработиле изминатиов период, со нивните семејства од кои што бараат гласови, подвлече Андоновски.