Македонија Министерство за дигитална трансформација

Андоновски: Поддршката од Обединетото Кралство е од особено значење за унапредување на клучни реформски процеси

Продолжуваме да градиме партнерства што ќе придонесат кон дигитална, безбедна и иновативна Македонија, потенцира Андоновски.

Андоновски: Поддршката од Обединетото Кралство е од особено значење за унапредување на клучни реформски процеси

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денес оствари средба со Амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон.

Обединетото Кралство е наш стратешки партнер, а нивната поддршка е од особено значење за унапредување на клучни реформски процеси, истакна Андоновски.

Тој додаде дека разговарале за можности за соработка и поддршка во делот на сајбер безбедноста, како и за Дигиталниот самит наменет за земјите од Западен Балкан, кој ќе се одржи во октомври во Скопје.

Продолжуваме да градиме партнерства што ќе придонесат кон дигитална, безбедна и иновативна Македонија, потенцира Андоновски.

To top