Македонија дополнителниот заменик министер на МИОА повика

Андоновски од протестот на синдикатите: Реформата на јавната администрација да се води инклузивно

Тој посочи дека како дополнителен заменик министер на МИОА во целост ги поддржува протестите на синдикатите заедно со Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и повикува на отворање на процесот за сите засегнати страни.

Андоновски од протестот на синдикатите: Реформата на јавната администрација да се води инклузивно

„Никој не е против реформи во јавната администрација. Напротив, проблемот е во тоа што тие се прават без вклученост на сите оние кои се засегнати од овој процес на законски измени“, истакна Стефан Андоновски, дополнителен заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација од денешниот протест организиран од страна на УПОЗ пред Собранието на Република Макединија.

„Без да се повика на јавна дебата стручната јавност, синдикатите и сите останати засегнати страни да дадат свое мислење за законот, тој се пушта во собраниска процедура по скратена постапка со европско знаменце. Овој закон како што веќе и кажавме е спротивен на СИГМА препораките и му овозможува на функционерот, односно министерот сам да одлучува за додатоци на платите и унапредувањата на вработените во јавната администрација.“, кажа Андоновски.

To top