Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Андоновски: Очекувам зголемување на бројот на пратеници со прегласувањето

„Мислам дека во наредниот период ќе се охрабрат и ќе ни се приклучат затоа што се свесни дека претседателот Христијан Мицкоски е новиот премиер“, истакна Андоновски.

Андоновски: Очекувам зголемување на бројот на пратеници со прегласувањето

-Дадовме приговори за некои места каде што имаше нерегуларности во гласањето, ни ги прифатија и сега ќе има прегласување на истите тие места, каде што очекуваме да добиеме плус некој пратеник доколку граѓаните ни го дадат својот глас, изјави меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и дополнителен заменик министер во МИОА, Стефан Андоновски, на гостувањето ма “Daily click” на ТВ21.

Намалување на институциите и преиначување на одредени агенции во министерства, ќе донесат поголем бенефит за квалитетот на водењето на државата, појасни Андоновски.

„Нашата амбиција е да можеме да го донесеме овој закон, ако го собереме потребното двотретинско мнозинство дури и пред формирањето на владата, и целта е да тој закон ги уреди новите министерства, но и ги преуреди надлежностите на постоечките министерства во смисла на новото време затоа што таму, тој закон е изменет само неколку пати и не соодвестуваат одредбите од тој закон со потребите и начинот на работа на државната управа кој што е денес“, вели Андоновски.

Во однос на минатото, Андоновски беше дециден дека новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ извлекло поука од минататото и дека партијата поминала низ целосна статутарна и кадровска реорганизација, и дека истото освежување ќе резултира со позитивни промени и во раководењето со државата.

На прашањето дали пратениците, кои можеби ќе се приклучат на коалицијата, доаѓаат од НСДП, ЛДП, односно од коалициони партнери на СДСМ, Андоновски вели дека мора да потврди дека се разговара со поголема група на пратеници, кои што во изминатиот период покажале интерес да се приклучат, но биле спречени поради притисоци, политички уценувања.

„Мислам дека во наредниот период ќе се охрабрат и ќе ни се приклучат затоа што се свесни дека претседателот Христијан Мицкоски е новиот премиер“, истакна Андоновски.

“Во однос на инаугурацијата на Претседателката Гордана Силјановска Давкова, имам да кажам дека Претседателката има право на свој сопствен став и личен индентитет, кој не е во спротивност на Преспанскиот договор.” појасни Андоновски.

To top